Охридско езеро на сателитот Титан

Веке десет години името на Охридското езеро го носи и едно интересно езеро на Титан, сателитот на Сатурн


Охрид и Охридското езеро се бисери и најатрактивни туристички атракции на Македонија. Познати по својата старост, природни богататства и убавини. Секоја година привлекуваат илјадници туристи и добронамерници. 

Но, во последниве десет години името се спомнува и на површината на Титан, најголемиот природен сателит на Сатурн.

На грубата површина на оваа месечина се наоѓаат многу базни, исполнети со течен етан и метан. Големите ги нарекуваме мориња, а малите езера. Баш како на земјава.

Пред точно десет години, во 2010-тата година, НАСА едно од езерата именуваше баш според нашиот бисер, Охридско Езеро (Ohrid Lacus)

Ете, во нашиот сончев систем има две Охридски езера. Едно со вода, а едно со течен метан! 😉


Ви се допаѓа? Споделете со вашите пријатели.

Одбери Формат
Приказна
Текст со визуелни елементи и додатоци
Листа
Класична Листа со Ставки
Меме
Прикачете свои слики за да направите меме
Видео
Видеа од Youtube или Vimeo
Слика
Слика или Гиф
Гиф
Класична GIF анимација