Гробот на Марија Кири-Склодовска

Каде и како е закопана една од најважните жени во модерната наука?


Марија Склодовска, подоцна сопруга на Пјер Кири е позната и како “мајка на модерната физика” и прва жена која добила две Нобелови награди, во две различни научни полиња. Хемија и физика. Најважно дело и е откривањето на Радиумот и Полониумот (именуван по нејзината татковина – Полска). 

Слика од секојдневието на Марија и Пјер Кири

Кога дознала со какви радиоактивни материјали работи, веќе било касно за неа. Почината е во 1934-тата година, како последица од ткн. апластична анемија, предизвикана од долгорочна изложеност на радијација.  И ден денес, после скоро 100 години, во нејзината работилница сé е радиактивно. Мебелот, документите, лабораториската опрема...

Извадок од забелешките на Марија Кири-Склодовска

Радиоактивно е дури и нејзиното тело, кое почива во парискиот Пантеон (гробница за заслужни граѓани) заедно со телото на нејзиниот сопруг и главен сореботник, Пјер Кири. Имајќи во предвид дека полувек на распаѓање на Радиумот е 1.600години, нејзиното тело ќе биде опасно за посетителите уште многу време. Затоа таа почива во оловен сандак со дебелина од 2см.

Гробот на сопружниците Кири


Ви се допаѓа? Споделете со вашите пријатели.

Одбери Формат
Приказна
Текст со визуелни елементи и додатоци
Листа
Класична Листа со Ставки
Меме
Прикачете свои слики за да направите меме
Видео
Видеа од Youtube или Vimeo
Слика
Слика или Гиф
Гиф
Класична GIF анимација