Hubble Ultra-Deep Field

Неверојатно чиста слика од длабоката вселена, стара 13.000.000.000 години!


Во период од Септември 2003-та до Јануари 2004-та, телескопот Хабл имал слободно време, па НАСА го завртила кон еден темен правоаголник на небото, со задача да сними што точно се наоѓа длабого во пространството. 

Големина на небесното парче кое Хабл го снимал, споредено со површината на месечината која ја гледаме на небото.

Резултатите ги занемеле сите инженери на Наса

Иако сите вклучени во проектот имале реална идеја дека ќе видат многу интересни работи во длабочината на сликата, но ништо не можело да ги спреми за она што ги очекувало на сликата. Користена е и технологија за снимање во ултра-виолетов спектар на бои (невидливи за човечко око), па... еве го резултатот!

Сликата создадена од Хабл вселенскиот телескоп.

Историјата на вселена во еден кадар

Имајќи во предвид илјадниците галаксии кои ги гледате на сликата се оддалечени од нас повеќе од 13.000.000.000 години, сликава можеме да ја сфатиме и како времеплов, кој ни овозможува да видиме како универзумот изгледал кога имал само 4% од денешната старост или околу 400-800.000.000 години по Големата Експлозија која го создаде универзумот.

Во каков универзум живееме... <3


Ви се допаѓа? Споделете со вашите пријатели.

Одбери Формат
Приказна
Текст со визуелни елементи и додатоци
Листа
Класична Листа со Ставки
Меме
Прикачете свои слики за да направите меме
Видео
Видеа од Youtube или Vimeo
Слика
Слика или Гиф
Гиф
Класична GIF анимација